АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола следната година ќе биде град домаќин на повеќе активности што ќе се одржат по повод одбележување на два значајни јубилеи - 70 години од постоењето на Државата Израел и 75 години од протерувањето на Евреите од Република Македонија во логорот Треблинка. Манифестацијата „Марш за живите“ ќе се одржат на 11 март 2018 во Битола, кога со марш од 2 км, на кој ќе учествуваат граѓани, претставници на цивилното општество, пратеници, министри, политичари од Израел и Македонија, ќе се оддаде почит на настраданите 7.144 Евреи.
„Многу сум задоволен што на 11 Март, овде во Битола ќе се реализира „Маршот на живите“, на кој се договоривме да ни се придружи и градоначалничката и да го води маршот заедно со некои од Вашите министри и дел од нашите министри кои ќе дојдат од Израел, големи делегации од претставници од бизнис секторот, млади луѓе и многу други. Тоа е вистински начин да покажеме дека се сеќаваме на минатото, дека имаме соработка помеѓу Израел и Македонија, особено со Битола, со која очекувам дека ќе имаме вистинско партнерство и заедничка соработка во повеќе области, почнувајќи од земјоделие, културно историско наследство....итн во сите сфери во општественото живеење, изјави Амбасадорот Дан Оријан на денешната средба со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.
На средбата, меѓудругото посебен акцент беше ставен на проектот за ревитализација на Еврејските гробишта во Битола.
„Она за што сме заинтересирани и двете страни се Еврејските гробишта во Битола. Разговаравме за тоа што во досегашниот период е направено од страна на Израел и Здружението АРХАМ, меѓутоа и за она што во Општина Битола во идниот период треба и може да го преземе во рамките на ингеренциите, почитувајќи ги сите законски одредби, како овој процес на реставрација на Еврејските гробишта и Меморијален парк би биле меѓудругото поткрепени и со Општина Битола. Очекувам во следниот период сите активности да се случуваат со многу побрза динамика и во рамките на ингеренциите на Градоначалникот, како и на Советот, се разбира со законска поддршка од одделенијата во администрацијата, се во насока да отвориме една слика од историјата и да искажеме почит кон сите луѓе кои се погребани на тој дел на територијата на нашата општина, меѓутоа и да покажеме одговорност кон идните генерации во отворање на перспективите на нашиот град за поголема посетеност на многу луѓе од различни светски дестинации, за да со откривањето на историјата, остават траги со своето присуство во сегашноста, во нашиот град, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Годинава за првпат, во рамките на четвртата седмицата на Израелски филм во Република Македонија и во Битола се презентираат два израелски филмови.