Деца ако пукаат петарди казни и до 500 евра, а за нивните родители 800 евра

Декември 12, 2019

Битолската полиција ги известува граѓаните и правните субјекти во подрачјата под надлежност на СВР-Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали. За ова кривично дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.

„Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани. За прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид,заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.

СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на законските одредби.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани