2win800x200

ОДОБРЕНИ 190 АПЛИКАЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ НА КЛИМИ – ИНВЕРТЕРИ

Декември 19, 2019

Од пристигнатите 290 апликации на објавениот јавен повик од Општина Битола за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување клима уреди – инвертери за 2019, одобрени се 190 апликации, а одбиени се 26 апликации. Вкупната сума на обезбедените средства од 2 500 000 денари од страна на општината,  е во функција на стимулација на граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Средствата се доделени на апликантите врз основа на нивното исполнување на условите наведени во јавниот повик, до целосно исцрпување на средствата предвидени за повикот, односно заклучно со апликацијата со број 219.

Оваа година од страна на Општина Битола, во функција на горенаведената мерка, со цел да се даде придонес кон обезбедување на почиста животна средина, исплатени се 2.500.000 денари на претходниот јавен повик за надоместок на дел од трошоците за клима уреди – инвертери, додека на повикот објавен во периодот од 01.11.2018 – 07.02.2019 за печки на пелети, исплатени се 500.000 денари.

Претходно, во 2018 година на двата објавени повици за купување на печки на пелети и велосипеди, исплатени се 2.500 000 денари.

Само за споредба, во функција на стимулација на граѓаните за заеднички придонес кон преземање на конкретни мерки во функција на подобрување на условите во животната средина, Општина Битола, со спроведените јавни повици, во изминатите две години издвои 8.000.000 денари, за разлика од претходната владеачна гарнитура, која во 11 години обезбеди само 6.000.000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани