Здружението на пензионери в година со прецизни договори за снбдување со дрва

Декември 20, 2019

Здружението на пензионери под претседателство на Томе Димитровски на својата седница расправаше за активностите во изминатата година и донесе оценка дека се што беше планирано е исполнето, со исклучок на снабдувањето со дрва за пензионерите бидејќи се појавија одредени тешкотии околу нивниот дотур, не по вина на Пензионерската организација туку поради одредени проблеми во фирмите кои што стопанисуваа со дрвата. Се донесе заклучок и во следната година пензионерите преку својата асоцијација да се снабдуваат со дрва, но Извршниот одбор ќе се заложи да бидат потпишани прецизни договори за навремено снабдување на пензионерите со дрва.

Исто така, беше усвоена и програмата за работа во следната година која предвидува поактивно вклучување на поголем број пензионери во телата и асоцијациите на здружението.

Наскоро се очекува да биде предаден во употреба клубот на пензионери, за што неодамна се купи простор за потребите на членството, а се наоѓа во приземјето на зградата каде е сместено Здружението на пензионери.

Следната година ќе се води сметка исто така за економично работење и за доделување на хуманитарни средства за пензионери и социјално загрозени лица. За Новата година на децата со посебни потреби од името на Здружението, во училиштето „Ѓорги Сугарев“ ќе им бидат доделени новогодишни пакетчиња.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани