АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани само на фејсбук плачат за аерозагадувањето, денеска не ги паркираа автомобилите и не ги послушаа препораките на Општината во загаден ден каков што е денеска да го користат јавниот градски превоз, кој за нив возеше бесплатно. Напротив автубусите денеска кружеа околу градот полупразни, додека автомобилите како и секој ден правеа сообраќаен метеж особено во центарот на градот и придонесуваа за дополнително вложување на сликата со аерозагадувањето во Битола.
Општината согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, ги известува граѓаните дека денес јавниот градски превоз е бесплатен. На автобусите беа истакнати табли дека провозот е бесплатен.