2win800x200

УХМР со предупредување за временската состојба

Февруари 27, 2020

Времето денес (27.02.2020 год.): Променливо облачно со повремен дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, повремено со брзина од 50 до 70 км/час и на планините ќе има појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. T= 13 °C, P= 972 hPa, U= 48 %, V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

predu

Времето утре- Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани