2win800x200

„Кромберг и Шуберт“ во Битола работи со минимален капацитет, повеќето работници пуштени дома

Март 18, 2020

Странскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во Битола во наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата ситуација со корона вирусот. Поголемиот дел од работниците се пуштени дома и тие во моментов ги користат преостанатите денови од одморот.

Им било кажано дека така најверојатно ќе биде во текот на овој и следниот месец. Дополнително, од управата ќе бидат известени како и колку ќе бидат исплатени додека се принудно дома. Неофицијално, се преговара со Владата вонредно таа да им исплаќа 70 отсто од платите на работниците додека се стабилизира состојбата.

Во моментов во „Кромберг и Шуберт“ се работи на три проекти кои се погодени од рестриктивната политика на големите автомобилски произведувачи, а најзасегнат е оној кој работи со „Дајмлер“. Побарувачката од  капацитетот во Битола од европските центри е сведена на минимум и се очекува во наредниот период ситуацијата да биде уште потешка.

- Во моментов се работи само со одреден број на луѓе, повеќе не можеме да ви кажеме во моментов, рекоа од одделението за човечки ресурси на прашањето на „Фактор“ колкумина работници се испратени дома.

„Дајмлер“, матична компанија на луксузниот бренд „мерцедес-бенц“, го затвора „мнозинството“ од своето производство во Европа. Со тоа, Дајмлер станува последниот производител на автомобили што ги прекина работењето во Европа.  

Форд веќе  ги затвора своите главни производствени капацитети во Европа, а Фолксваген планира да го запре производството во сите свои фабрики во Европа во наредните недели, вклучувајќи ги и фабриките Ламборџини и Дукати.  Речиси целата автомобилска индустрија во Европа  се затвора, а превентивни мерки донесоа и Фиат, Рено и Пежо..

https://faktor.mk/kromberg-i-shubert-vo-bitola-raboti-so-minimalen-kapacitet-povekjeto-rabotnici-pushteni-doma

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани