2win800x200

На терен се работи-Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола заеднички градат градинка во поранешната касарна

Март 09, 2021

 

Почна изградбата на новата градинка во населбата Златен рид во старата битолска Касарна финансирана од германската фабрика „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола. Ова ќе биде првата градинка во Битола после период од 30 години што ќе се гради нова од темел. Фабриката за производство на кабли за автомобили „Кромберг и Шуберт“ има значајно место во битолската економија, вработува над 6.000 битолчани и работници од околните пелагониски општини и Преспа, пишува Независен.мк  https://nezavisen.mk/fabrikata-kromberg-i-shubert-i-opshtina-bitola-zaednichki-gradat-gradinka-vo-poraneshnata-kasarna/ 

-Новата градинка во поранешната Касарна ќе биде со капацитет од 260 деца, 13 занимални и сопствена кујна. Ќе биде изградена по најсовремени стандарди со запазување на сите енергетско-еколошки стандарди. Првиот дел се гради со заеднички средства на Општина Битола и ‘Кромберг и Шуберт’, а првичната инвестиција е 400.000 евра, од кои половината ги обезбеди германскиот инвеститор. Вториот дел ќе биди комплетно финансиран од Општина Битола“, изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани