АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стрежево без надоместок ќе испорачува технолошка вода за одржување на јавните површини во општините Битола, Могила и Новаци и донира 1000 заштитни маски и 1000 пара ракавици.
Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола со цел да даде што поголем придонес во борбата против ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја, во еден исклучително тежок период на глобално ниво, период кога хигиената и користењето на водата претставува основна превенција за заштита од зарази, се одлучи да започне со бесплатна испорака на технолошка вода, првенствено за потребите на комуналните претпријатија на општините кои гравитираат кон хидросистемот "Стрежево", односно општините Битола, Новаци и Могила.
Од друга страна ЈП "Стрежево" - Битола ќе додели 1000 заштитни маски и 1000 заштитни ракавици преку Општинска организација на Црвен крст Битола како официален партнер на Општина Битола, наменети пред се за ранливите групи на граѓани (стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост) но и лица каде се најмногу потребни овие заштитни сретства, како заштитна мерка за превенција од ширењето на корона вирусот.
-На ваков чекор се одлучивме откако претходно ги обезбедивме вработените со неопходните заштитни средства во вакви услови со што на вработените им се обезбедени сите потребни средства за работа.
Сите треба да придонесуваме за намалувањето на ширењето на вирусот. Ова е помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да ги сведеме социјалните контакти на минимум. Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Заедно да помогнеме кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата, пишува на својот Фејсбук профил директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски.