2win800x200

Петровска за „Кромберг и Шуберт“ ја информира Владата

Март 20, 2020

Градоначалничката Нашата Петровска ја информира Владата  за состојбите во фабриката „Кромберг и Шуберт“, откако се сретна со претставници на фабриката каде се вработени близу 6 илјади работници. 

-Градоначалничката на Општина Битола,  Наташа Петровска, оствари контакт со раководството на човечки ресурси во фабриката „Кромберг и Шуберт“, каде што се вработени над 5800 граѓани од Битола.

Од нивна страна, Петровска беше информирана дека во овој момент, вработените во фабриката за автомобилски делови се на колективен одмор, согласно препораките и заклучоците од Владата на Република Северна Македонија. Раководството на фабриката, продолжува да ја следи состојбата и врз основа на тоа ќе бидат одредени и нивните понатамошни чекори. Градоначалничката Петровска, добиените информации во врска со оваа компанија ги проследи и до Владата на Република Северна Македонија, стои во информацијата од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани