Webp.net gifmaker

Политичките партии ќе се офајдат со пари од изборите

Декември 18, 2017

За секој добиен глас на последните локални избори во Битола, политичките партии ќе добијат по 15 денари што согласно Изборниот законик им следуваат од буџетот на Општината. Така партиципиентите во локалната власт во Битола ќе се офајдат од неколку стотина, па се до неколку десетици илјади евра, пари коишто ќе влезат во партиските каси.

Утрешната седница на Советот на Општина Битола е со една точка на дневен ред-  Одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците  во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за Градоначалник на Општината Битола на локалните избори октомври 2017 година.

Ова значи дека сите политички партии што на последните избори добиле 1, 5 проценти од вкупниот број на гласови од излезените граѓани,  без оглед дали успеале да влезат во Советот или не ќе добијат пари.

Така според анализите најголемиот дел од колачот ќе го поделат СДСМ и коалиционите партнери, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а пари ќе земат и ПОИНАКУ и Левица.

-Ова е законска обврска што мора да се  донесе до крајот на годината. Ако не се исплатат парите годинава догодина тие нема да може се исплатат бидејќи нема да бидат предвидени со буџетот,  вели претседателот на Совет, Валентин Груевски.

О Д Л У К А

за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот односно кандидат за Градоначалник на општина Битола на локалните избори октомври 2017 година

Член 1

            Со оваа Одлука се определува надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот односно кандидат за Градоначалник на општина Битола на локалните избори октомври 2017 година.

Член 2

            Висината на надоместокот се определува во износ од 15 денари по добиен глас за учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани кандидати за членови во Советот односно Градоначалник на општина Битола.

            Висината на надоместокот се определува во износ од 15 денари по добиен глас за учесниците во изборната кампања од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот односно Градоначалник на општина Битола, доколку освоил најмалку 1,5% од вкупниот број на гласови од излезените граѓани на ниво на општината.

 

           

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани