2win800x200

Се тестираат пациентите од Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола

Април 08, 2020

Повеќе корисници на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола се тестирани на КОВИД-19, откако еден 86 годиен пациент е позитивен на врусот.

-Земени се брисеви од пацентите во околните соби на спратот каде што било сместено ова лице, а персоналот кој бил во контакт со него е испратен  на домашна изолација. По систем на ротација донесени се други вработени. Дадени се и препораки за темелно чистење и засилена хигиена во објектот, потврдија за апла.мк  од Министерството за здравство.

Заразениот пациент е хосптализиран во Инфективното одделение во битолската Болницата на 4 април, поради зголемена темпераура. Тој бил примен во Домот на 18 април, највероатно веќе бил заразен затоа што неговата внука неодамна се вратила од Германија. Приемот бил извршен во редовна процедура и не му била направена епидемиолошка анкета.

Сега се очекуваат резултатите од земените брисеви на останатите корисници, меѓу кои се две лица што делеле иста соба со заболениот.

Во Старскиот дом во Битола има вкупно 154 корисници и 34 вработени, од кои 8 се во домашна изолација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани