2win800x200

Полицијата ги начека, битолчани кинисале да пешачат за време на полициски час

Април 11, 2020

Две групи од по неколкумина  битолчани тргнале да пешачат  и да земат воздух пред зграда,  на кај Џепането и ридот кај старите авиони во поранешната касарна кога полицијата ги начека на улицата „Тодор Скаловски“ позади зградата Аурум. И покрај полицискиот час токму за време на ручек, едната група од четворица возрасни, мажи и жени  и неколку  деца излегле на сонце пред зграда кога ги затекна полициската контрола, а пак на истата улица на другиот крај во исто време и неколкумина  мажи кинисале да пропешачат. Дводневниот карантин дел од граѓаните не го  сфатија сериозно, па многумина од нив бараат начин да излезат од дома, мислејќи дека на помалку фреквентните улици полицијата нема контрола. Но овој пример покажува дека полициските екипи на СВР Битола се насекаде, одговорно во извршување на своите здачи. 

по 00

по2

по0

по6

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани