2win800x200

Уапсени двајца битолчани во Грција кои сакале на див премин да пренесат девојка со забрана за влез во ЕУ

Март 02, 2024
фото Неа Флорина фото Неа Флорина

Грчки локални медиуми јавуваат дека двајца странци на возраст од 42 и 46 години, вчера напладне, се уапсени од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност во Лерин, Грција поради нелегален превоз на друг странец на див премин на границата Македонија - Грција.

Од наши извори дознавме дека станува збор за двајца битолчани, од кои едниот бил од Битола, а другиот со место на живеење во село Егри, битолско. Неофицијално, двајцата битолчани превезувале девојка, која имала забрана да патува во земјите на Европската унија.

Според порталот  „Нова Флорина“  https://neaflorina.gr/

„Конкретно, во контекст на насочени полициски проверки за идентификување на лица кои се активни во илегалната трговија со странци, горенаведената полиција откри, на подрачјето на Лерин, И.Х.Е. автомобил со 46-годишен возач и 42-годишен совозач и во проверка која била извршена било констатирано дека нелегално превезувале 23-годишен странец, кој претходно илегално влегол во државата, заедно, за паричен надомест“, пишува грчкиот медиум.

2η ΦΩΤΟΓΡΑΦΙΑ

Според објавата – „ Одземени се автомобилот што се користи за превоз, три  мобилни телефони и сума од педесет евра.“

Прелиминарна истрага за случајот е поведена од страна на Одделението за безбедност Лерин, а уапсените со кривичната пријава против нив се спроведени кај обвинител во Лерин.

Автор А. Блажевска

Фото https://neaflorina.gr/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани