2win800x200

Во Битола еден новодијагностициран со КОВИД-19, вкупниот број на заразени е 18

Април 24, 2020

Во Битола денеска е евидентиран уште еден новозаразен од КОВИД-19, со што бројката на заболени се искачи на 18. Денеска регистрирани се 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови:
- Скопје 11
- Куманово 2
- Тетово 3
- Струга 6
- Битола 1
- Гостивар 1
- Виница 1
- Неготино 1
Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1326.

Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани