АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Финансиските планови за работа во 2018 година на јавните претпријатија „Комуналец“ и „Водовод“ беа изгласани со мнозинство гласови во битолскиот Совет, а на останатите како „Нискоградба“, „Пазари“, „Жабени“ и ЈП за урбанистичко пранирање, проектирање и инженеринг, како и на Старскиот дом „Сју Рајдер“, не беа усвоени.
„Не знам како може некои од програмите да се донесени , а некои не, но ни беше кажано дека дел од нив немале управни одбори или дополнително добивме информациија дека во некои имало и технички грешки. Соред она како се гласаше на комисиите сметам дека има политичка позадина бидејќи повеќето програми се напишани од оние кои до скоро беа директори од претходната власт и сега се гласани ‘за“ зашто е назначен нов директор, а оние каде не е назначен нов директор се гласаат воздржано“, рече Габриела Илиевска од „Поинаку“.
Методија Илиевски, координатор на советниците од локалното мнозинство изјави дека дел од финансиските планови беа одбиени затоа што управните одбори во јавните претпријатија веќе ги отфрлиле програмите на претходните директори
„Со доаѓањето на новите директори ќе се ревидираат и постоечките програмите на претпријатијата“, рече Илиевски.
Советниците од СДСМ изјавија дека во одредени јавни претпријатија се уште се кадрите поставени од екс градоначалникот Владимир Талески, па нема да ги поддржат нивните планови за работа.