2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ќе се унифицира оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак

Декември 25, 2017

Сопствениците на кафулињата ќе мора да ги отсранат најлоните и другите матријали со кои е ограден просторот пред угостителските објекти на битолски Широк Сокак и да постават унифицирана ограда.

Според пропишаните услови оградата ќе биде висока 1,80 м, половината од метал, а горниот дел  стакло.  Металаниот ќе биде  обоен со две бои, зелена маслинеста и рамка во валкано бела боја. Металната ограда задолжително ќе биде поставена на дрвена платформа со минимална височина од 15 цм,  со цел да не се уништуваат плочите на Широк Сокак.

Оградата е отворена во горниот дел, но со оглед дека сите кафулиња имаат тенди, во првата фаза од унифицирањето нема да  се бара од сопствениците да ги отстранат,  но откако ќе бидат поставени оградите, во следна фаза ќе се разговара и за унифицирање на настрешниците, кои сега се нелегално поставени.

ograda

Со цел  урбана опрема пред угостителските објекти да не го попречува движењето на пешаците, на лицата со посебни потеби и возилата на противпожарната служба или итната помош, според пропишаните услови, слободни треба да останат по 3 метри од двете страни од среднишната линија на Широк Сокак, односно вкупно 6 метри, наместо досегашните 4,5 метри колку што остануваат слободни на оваа пешачка зона.

Овие услови ќе важат во зимскиот период, односно од 15 ноември до 15 април, по што сопствениците на угостителски објекти на главната битолска улица, како и во горниот пазар,  ќе треба да ја отстраната металната ограда со стакло, како и дрвената платформа на сопствен трошок.

Оваа одлука е донесена на денешната седница на Советот на општина Битола и ќе започне да се применува 20 дена од влегувањето во  сила. Сопствениците доколку не се во можност да ја направат измената во овој рок, ќе мора да ги отстранат веќе постоечките огради.

uslovi

Со одлуката не се променува цената на просторот за поставување на урбана опрема пред кафулињата и таа останува 15 денари за метар квадратен.

Од општината велат дека за унифицирањето на оградениот простор е разговарано со сопствениците на кафулињата кои се согласиле, единствено за нив останало спорно прашањето околу рокот за измените.

Но од Советот се децидни, сегашните огради мора да се отстранат во рок од 20 дена, а дали и кога ќе бидат поставени нови, сопствениците сами да одлучат, затоа што оградувањето не е задолжително, но доколку просторот се оградува, тоа мора да биде  по пропишаните услови

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани