2win800x200

Нови четворица оздравени пациенти од КОВИД-19 во Битола

Април 29, 2020

Нови четворица пациенти оздравеле од КОВИД-19 во Битола, односно вкупно 8 според статистиката на МЗ. Во Битола до денеска се регистрирани 19  случаи на КОВИД-19.   

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во:
- Скопје 19
- Тетово 3
- Струга 9
- Битола 4
- Гостивар 3

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатиот ден направени се 279 теста, а досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид-19.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани