АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нова вонредна состојба од 14 денови прогласи претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талата Џафери, министерите за надворешни и за внатрешни работи Никола Димитров и Наќе Чулев и епидемиологот д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.
Според претседателот на држава, главната причина за новата вонредна состојба е потребата од имплементација на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата коронавирусот. Тој посочи дека голем дел од мерките кои се воведени за заштита од виурусот, како што е мерката за ограничување на движењето, затворањето на школите и стопанските субјекти не се поврзани со декларирањето на вонредната состојба. Пендаровски рече дека тие можат да бидат и укинати и во вонредна состојба, па ѝ препорача на Владата да размисли за постепено намалување на рестрикции во однос на движењето и работата на стопанските субјекти.