АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На следната седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи во четврток на 21 мај, како точка на дневен ред ќе се најде одлуката за основање на јавна општинска установа за култура.
-Формирањето на нова јавна установа за култура се наметнува со ставање во функција на Офицрскиот дом и киното на браќата Манаки, односно потребата за нивно одржување. Киното ќе биде готово за многу скоро, а пак Офицерски до крајот на 2020 година, изјави претседателот на Советот Валентин Груевски, за апла.мк
Проектот за реставрација и адаптација на Офицерскиот дом е во тек,а за оваа цел се обезбедени 1 милион евра од ИПА 2 програмата на ЕУ. Општината од Министесртвото за култура обезбеди 8,5 милиони денари за ентериерно уредување на обновеното кино на браќата Манаки на Широк Сокак, кое започна да го гради претходната локлана власт, но го остави недоградено. Заедно со проектот „Кино култура“ кој што го доби Општината во прекуграничната соработка со Грција за кино опремата, ќе се затвори целината на киното.