АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола денеска е дијагностициран уште еден пацинет заразен со коронавирусот, со што вкупно во градот има 28 случаи на КОВИД-19, од кој активни се 9 случаи.
Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 26
- Куманово 1
- Прилеп 1
- Тетово 10
- Велес 1
- Битола 1
Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
- Скопје 2
- Штип 1
- Прилеп 4
- Велес 2
- Кочани 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.