АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, денеска објави ФБ статус со кој го обвини Васко Ковачевски од СДСМ, дека како директор на РЕК Битола, отпуштил 133 луѓе ангажирани во комбинатот повеќе од две години. Ковачевски на својот ФБ профил му одговори дека не е директор на РЕК и не може да отпушта од работа.
Димитровски напиша
„Денес дојде "животот" и за 133 ангажирани во РЕК Битола, фамилијарни луѓе, татковци и мајки, се отпуштени после две и пол годишен ангажман!!! Се прашувам далу ова е воедно и првата одлука на новиот директор Васко Ковачевски!“
Под статусот на Димитровски, регираа некои од работниците на кои им престанал договорот за работа со Агеницијата за привремени вработувања "Зета" и прашаа зошто ВМРО-ДПМНЕ не им го решила статусот со вработување на неопределено.
Еден од нив напиша:
„Еве јас сум еден од избрканите од Рек... Штотуку ми се јавија од агенција дека после 2 и пол години ми престанува договорот и сега прашањето е.. на кого да му се лутам : на сдс што не избрка или на ВМРО што не ни дадоа решенија ???“ коментираше работникот
„Мене никој од Рек не ме избрка.. пошто јас бев по агенција Зета... мене Зета ми го прекина договорот“...
Ковачевски одговори дека ова е спин и манипулација на Димитровски.
„Спин, Лаги и Манипулации
Во врска со денешниот ФБ статус на Б.Д. координатор на битолската ДПМНЕ (во распад), да појаснам:
1. Јас не сум директор на РЕК Битола, согласно тоа не можам да носам одлуки.
2. Договорот на АД ЕЛЕМ и Агенцијата за привремени вработувања завршува на 31.12 2017 и само тоа е причината за ВРЕМЕН прекин на ангажирани надворешни работници.
3. Доколку сакаше да покажи грижа за Битола и битолчани, имаше можност во изминатите години кога ја предводеше власта.
П.С. За РК Пелистер и спортот во нашиот град, нема да реплицирам со антиспортист.“