2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Десет алкохолизирани лица побарале помош во ургентно, меѓу нив и малолетници

Јануари 01, 2018

 

Од Клиничката болница информираат дека на Ургентното одделение во текот на ноќта имало напорна ноќ, со 60 прегледи на пациенти. 10 од нив биле во алкохолизирана состојба. 

-Одделението за ургентна медицина имаше многу работа во текот на новогодишната ноќ. Имаше над 60 прегледи, од кои 10 алкохолизирани лица, а меѓу нив и малолетници. Најголем број од интервенциите беа кај хронични болни, со висок крвен притисок, васкуларни заболувања.  Имаше и една сообраќајна несреќа, во која е повредено едно лице, но минало со лесни телесни повреди и пацинетката не е хоспитализирана, рече Сузана Коневска, портпарол на Клиничка болница-Битола. 

Сепак, новогошната ноќ во Битола мина мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир, велат од битолската полиција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани