Webp.net gifmaker

5 јули е датумот за избори, а исплашениот Мицкоски да не ја држи државата во заложништво, порача Шеќеринска од Битола

Мај 31, 2020

 

Потревни ни се избори час поскоро , во првиот можен рок. Согласно новопрогласената вонредна состојба од две недели и согласно законските рокови, ова значи дека 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите. Секое друго одлагање без разлика дали се работи за крајот на јули, септември или октомри е неодговорно, опасно и штетно и за граѓаните и за државата, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шежеринска денес во Битола. 

„Не смееме да ги ставиме граѓаните да мораат да бираат дали ќе заминат неколку дена на одмор или ќе учествуваат во најважниот демократски процес. Ниту една сериозна партија која сака зголемен и силен одзив на денот на изборите, нема да посака нити ќе предложи избори на крајот на јули. Тоа е штетно и влијае на намалување на одзивот на граѓаните. Тоа не им дава шанса на најголемиот можен број на граѓаните да учествуваат на изборите. Штетно, неодговорно и опасно е исто така, да се зборува за избори во септември зашто како општество и одговорни поединци не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада, со бројни шанси за вето и за блокирање и без Парламент. Собранието и Владата мора да се во полн технички и политички капацитет заради успешно спроведување на мерките поради пандемијата со КОВИД-19 и сите последици посебно оние економнските и социјалните од него“, рече Шеќеринска. 

Таа нагласи дека добро ќе беше датумот да се поддржеше и со консензус на политичките партии, но дека не смее да се втурнат во бескрајни преговори кои ќе ги држат граѓаните и државата во заложништво само затоа што Мицкоски се плаши од избори и преку своите министри и дополнителни министри прави саботажи на штета на граѓаните. 

„Ги повикувам сите политички партии, а особено ВМРО-ДПМНЕ и нивниот исплашен претседател Мицкоски да преземат одговорно чекори и да бидат дел од решението, а не како многупати досега да бидат извор на проблеми и предизвикувачи на кризи. Секој оној кој сака да ги одложи изборите сака да продолжи агонијата во која половично функционираат институциите, сака да ја продолжи кризата и со тоа не им посакаува добро ни на граѓаните, нити на државата. Во период кога ги олабавуваме мерките, кога можеме по посебни специјални, медицински протоколи да посетуваме меркети и трговски центри, угостителски објекти, по слични такви протоколи ќе можеме да го оставриме и нашето изборачко право , без закани по нашето здравје“, рече Шеќеринска     секеринска 2    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани