2win800x200

Од вкупно 30 позитивни на КОВИД 19 во Битола, болеста е во тек кај три лица

Јуни 10, 2020

Од вкупно 30 регистрирани позитивни на КОВИД-19 во Битола, болеста во моментот е во тек кај тојца битолчани, информираат од Центарот за јавно здавје. Во оваа здравствена установа од почетокот на пандемијата до денес, 10 јуни,  се земени вкупно 771 брис. Од нив 348 по епидемиолошки индикации, 93 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.


Во сите општини кои ги покрива битолксиот Центар за јавно здравје, позитивни резултати за COVID-19 во  се добиени кај 35 лица, од кои 30 се со место на живеење во Битола, 3 во Кичево, едно лице во Демир Хисар и едно лице во Ресен.

„Според исходот на заболувањето кај 5 лица болеста е во тек (3 од Битола, 1 од Кичево и 1 од Ресен), 28 лица се оздравени и кај 2 лица болеста имаше смртен исход. Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек, две лица се хоспитализирани во Клиничка болница- Битола, а три лица се на домашно лекување, се наведува во информаијата од Цнтарот за јавно здрваје.

Заклучно со 10.06. 2020 година вкупно 340 лица се ставени под здравствен надзор поради контакт со позитивно лице или поради враќање од ризична земја.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани