АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нови канделабри постави Општина Битола во просторот кај новата фонтана пред Музејот на Битола. Осветлувањето носи нов лик на ова место кое за битолчани своевремено имаше посебно значење. Култната Бела фонтана, бившата локална власт на чело со Владимир Талески ја сруши во април 2016 година. Кога сите очекуваа дека ќе ја реконструра, тој ги прати булдожерите и ја срамни со земјата. Култното обележје на градот од времето на социјализмот и омиленото собиралиште на младите го нема, а просторот денес единствено потсеќа на лошото архитектонско решение од времето на Талески.