Webp.net gifmaker

Полициските контроли ги дисциплинираа битолчани

Јуни 12, 2020

 

Ако до неодамна ретко кој носеше заштитна опрема  низ улиците во Битола, сега полициските акции  очигледно ја менуваат сликата. Речиси и да нема битолчанец кој не носи маска. Од полицијата велат дека за нешто повеќе од месец, издадени се над 1200 казнени налози на  територијата на СВР Битола.  Контролите се интензивираа во последните неколку дена, а  битолчани  апелираат полициските акции да продолжат со уште поголем интензитет.

-Уште построги треба дс бидат. Да ги казнува сите што не носат маски. Јас имам 80 година, кога можам јас да носам, можат и младите, вели битолчанец

-Треба да има контроли постојано, а не како досега. Ние луѓе како луѓе,  таков ни е менталитетот, многумина не носат маски, рече друг битолчанец

Најинтензивни се контролите во пазрите,фреквентните улици, Широк Сокак и угостителските објекти. Полицијата заедно со државниот пазарен инспекторат направиле над 500 контроли и утврдиле неправиности кај 11 угостителски објекти.

-Не се плашиме од инспекциите, затоа што подобро е да ни укажат за грешките отколку да не казнуваат. Гостите воглавно се придржуваат на протоколите, но и ние ги потсетуваме како да се однесуваат, вели угостител

Во Битола од почетокот на кризата до денес регистрирани се вкупно 30 позитивни на КОВИД-19. Во моментот болеста е во тек кај тројца битолчани.

https://telma.com.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани