2win800x200

Прослава на Спасовден направила семеен кластер од корона во Ресен

Јуни 15, 2020

 

За само неколку дена бројот на заболени од корона вирусот во Ресен  се искачи на 25 од кои еден починат. Речиси сите потврдени  случаи се од градот Ресен, а само еден од селото Царев Двор. Иако официјално немаме потврдува, наши извори од Ресен велат дека од заболените од корона авирус има фамилијарен кластер од 6 до 7 позитивни случаи за кои се претпоставува дека се заболени од семејната прослава на христијанскиот празник Спасовден. Епидемиолошките анкети се очекува да ја потврдат официјално поврзаноста меѓу заболените, пишува „Независен“.

Во исто време потврден е  позитивен случај на вработен во еден ресторан во Ресен, по што сопственикот го затворил локалот на 14 дена. Еден од заболените живее во Скопје, а како роден ресенчанец се води во официјална бројка на Ресен.

„Бројката на заболени во Ресен од Ковид-19 е голема, загрижувачка , но очекувана, со оглед на тоа што вториот заболен во градот е од ресторан и имал контакт со повеќе луѓе од градот. Рестораните во градот работеа со почитување на мерките и препораките на терасите, ама еве, се случи. Значи, најголем број од заболените се од градот и еден од село. Од вкупниот број  до денес, 10 се асимптоматски и се во домашна изолација, осум лица се хоспитализирани во стабилна состојба. Кластерите официјално ги имаат епидемиолозите“, изјави за „Независен“ градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

Според него, Општината ги очекува резултатите од направените триесет тестови на суспектни на вирусот кои се обработуваат, така што утрешниот ден ќе донесе нова слика на Ресен за заразени до Ковид-19.

„Очекувам овие дена да има зголемување на бројот на заразени и после тоа да се смирува ситуација. Ресен издржа три и пол месеци заради добра координираност на сите институции и заради почитувањето на мерките од страна на граѓаните. Но Ресен не е во стаклено ѕвоно, и ние очекувавме заболени. Битно е дека брзо реагиравме на смирување на ситуацијата“, вели градоначалникот.

Општина Ресен превентивно постигна договор со претставници на трите најголеми индустриски капацитети во Преспа, „Свисслион-Агроплод“ , „Хатекс“ и „Стењетекс“, да ги испратат вработените дома, со цел да не се шири вирусот и да нема групирање.

„Во овие фабрики имаме најголем број вработени. Работодавачите се согласија во наредните две недели фабриките да бидат на одмор. Превентивно и угостителски објекти во центарот на градот се затворија. Не се сите, но добар дел се затворени. Уште денес се забележува значително намалување на движењето на граѓаните, нешто што сакавме да го постигнеме“, вели Гошаревски.

И во зградата на Општина Ресен дел од вработените се пратени на одмор, и се работи со скратено работно време, само неодложни работи. 

https://nezavisen.mk/proslava-na-spasovden-napravila-semeen-klaster-od-korona-vo-resen/?fbclid=IwAR0fdUmLaSu-WeeBo44ZgWr6Y62aiGcew6OjXhuk4JQeF794Yh1mndHWKz0

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани