АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес започнува повикот од мерката 121 за набавка на пчелни матици што е дел од мерката за модернизација на земјоделски стопанства.Од оваа мерка повратокот на средства е до 50 отсто од инвестицијата. Финансиската поддрша за набавка на пчелни матици е до 600 илјади денари по корисник, ги информираше Николче Бабоски пчеларите од Битолa.На средбата се присутни начилникот за земјоделство до Битола Методија Илиевски и кандидатите за пратеници Бисера Костадиновска Стојчевска, Горан Козаров и Петар Николовски.
Сите пчелари кои во период од 1 октомври до 31 декември 2019 година набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта ќе можат да поднесат барања за финансиска поддршка преку мерката 121 - инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за рурален развој. Ова денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски им го соопшти на пчеларите од Битолско- пелагонискиот регион. Повикот трае до 15 јули.