АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци во континуитет работи не само во подобрување на условите за живеење во сите населени места, туку и инвестира во подигнување на паркови со кои во изминатите години целосно се промени сликата за општина Новаци.
Со средства од програмата за фосилни горива од Министетството за животна средина, во изминатите 2 и пол години инвестирано е во два рекреативни парка во с.Горно Агларци и во с.Долно Агларци.
По барање на локално население од с.Долно и с.Горно Агларци извршена е реконструкцијата на постоечките бунари во двете населени места со комплетно партерно уредување
Парковите располагаат со детски реквизити, клупи за седење, летниковци, реконструирани бунари и друга урбана опрема.
Покрај изградбата на нови, локалната самоуправа редовно се грижи за одржување и чистење и на останатите паркови низ општината.
-Малските дружби на најмладите, но и на возрасните од овие две населени места се преточија во вистинско уживање и дружба. Продолжуваме посветено да работиме на разубавување на населените места, велат од Општина Новаци