2win800x200

Вчера 25 битолчани казнети за неносење заштитна маска

Јуни 26, 2020

Само вчера 25 битолчани биле казнаети за неносење на заштитна маска на лицето,  додека на нивно на СВР Битола вкупната бројка изнесува 29, потврдуваа од битолската полиција. Во многу наврати граѓаните се сведоци дека полицијата со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, казнуваат особено на Широк Сокак и пофреквентните улици во градот. 

Ссогласно одредбите, доколку во рок од осум дена граѓанинот се одлучи да го плати прекршочниот платен налог, тогаш ја уплаќа половината од казнената сума (во случајот половина од пропишаните 20 евра), а процесниот дел важи доколку казната не е платена во законски пропишаниот рок, кога за истата одлучува Одделот за прекршоци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани