2win800x200

Свадби, матури, предизборни митинзи, најлошото сценарио за ковид кризата-анализа на професорот Трајковски

Јуни 27, 2020

 

Три сценарија, добро, лошо и много лошо, разработува  професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трјковски за ситуацијата со корона кризата во државата. 

Деновиве забележуваме извесно намалување на базичниот репродукционен број R0 под единица и премин на епидемијата во режим на стабилно забавување. Но, резервата на стабилност (стабилноста ја разгледавме пред неколку дена преку механичката аналогија) моментално е многу мала. Многу мали промени во R0 можат да предизвикаат големи разлики во динамиката на епидемијата, па би било корисно да ги разработиме сите три сценарија - доброто, лошото и многу лошото за наредните 20 дена. За таа цел направени се неколку нумерички симулации според мојот MSIR модел за математичко моделирање на динамиката на епидемијата, пишува професорот Трајковски.
1.) Според доброто сценарио, доколку дисциплинирано се спроведуваат мерките за самозаштита и репродукциониот број се задржи околу моменталната вредност (R0=0,9, на првиот дијаграм), бројот на новозаразени би се наголемил за само 1.900, а бројот на активни случаи би се намалил за околу 800. Здравствениот систем би се растоварил, а медицинскиот персонал малку би здивнал и би можел да посвети повеќе внимание на се помалиот број хоспитализирани пациенти.

106277312 817139438814576 2368983855072224397 n
2.) Лошото, статус кво сценарио (R0=1, на вториот дијаграм), би се остварило при мало попуштање на дисциплината или мало негативно влијание од предизборната кампања. Бројот на новозаболени би продолжил да расте со моменталното темпо од околу 130 нови случаи на ден и би се наголемил за околу 2.500 случаи, а бројот на активни случаи би останал речиси непроменет. Здравствениот систем би продолжил да работи со речиси максимален капацитет, а медицинскиот персонал би требало да го издржи сегашното темпо на работа, со сите проблеми што ги носат заморот и преоптовареноста. На долг рок, ова сценарио секако не е добра опција.

106428712 817139892147864 7139448860178677314 n
3.) Многу лошото сценарио (R0=1,1, третиот дијаграм) би значело повторно забрзување на епидемијата, со раст на дневниот број на новозаболени и додавање нови 3.100 случаи од денес до 15 јули, денот на изборите. Најлошото е што бројот на активни случаи би пораснал за околу 550 и би надминал 3.800, од кои најмалку 500 тешки случаи во ковид-болниците. Медицинскиот персонал ова веќе не би можел да го издржи и би започнале да гледаме сцени како од италијанските болници. За да се случи ова сценарио не треба многу - доволно е мало попуштање на дисциплината, неколку масовни свадби и матури и најважното - масовни предизборни митинзи со недоволно почитување на мерките.

105945634 817419678786552 5412226793346707825 n
Како доказ дека сите опции се отворени нека послужи четвртиот дијаграм, каде сината крива линија го дава движењето на репродукциониот број R0 од почетокот на епидемијата во Македонија до денес. Гледаме дека моменталните вредности за R0 помали од единица се повеќе исклучок отколку правило, а допрва ни претстојат и масовни настани со голем ризик.
Со нашето колективно однесување самите го избираме сценариото, а какво сценарио ќе избереме - таков филм допрва ќе гледаме, смета професорот Трајковски.

105973467 817419822119871 5657914842973737269 n 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани