2win800x200

Еден новозаболен во Битола, пет во Ресен

Јуни 27, 2020

И денес Битола го задржува трендот од претходните неколку дена, па во дневната статистика е регистран само еден позитивен на КОВИД-19. Исто како и вчера, има еден оздравен пациент. 

Заклучно со денес, вкупниот број на заразени во Битола, од почетокот на кризата е 44.

Во Ресен има 5 нови случаи, со што вкупниот број е 96.

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани