АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Веќе час и половина екипите „Водовод“, „Нискоградба“ и ТППЕ Битола и останатите јавни претпријатија, се на терен за справување со поројните дождови кои попладнево ја зафатија Битола,со што се поплавија одредени улици и домови.
Делувано е со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град. На терен се забележани многу електрични празнења, кои дополнително ја отежннуваа работата.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска веднаш го повика и одржа состанок со Општинскиот кризен штаб, по што се дадоа насоки за следни делувања. Веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај Лук Оил и ул. „Иван Милутиновиќ“. На терен, екипите сеуште интервенираат.
Дополнително, контактирано е со надлежните екипи на ЕВН подружница Битола, за постапување по нивните надлежности.
Контактирана е и добиена е поддршка од Дирекцијата и за заштита и спасување за делување на терен.