Webp.net gifmaker

Битолчани не попуштајте со дисциплината бројот на новозразени расте - апелира професорот Трајковски

Јули 05, 2020

 

Бројот на новозаразени во Битола расте, и не покажува тенденција на намалување апелира професорот на Техничкиот факултет Дејан Трајковски кој за цело време ги анализира бројките и состојбата со ковид кризата во градот и државата.

-Битолчани, зошто баш сега, после три и пол месеци епидемија ни попушта дисциплината и забрзано ни расте бројот на новозаразени во општината, кога на ниво на републиката веќе има стагнација на растот? 
Во изминатиот период сме имале периоди на раст на базичниот репродукционен број R0, но тој брзо се спуштал под единица, па дури и до нула (на првиот дијаграм). Овој пат не е така. Веќе дваесетина дена овој важен индикатор, којшто покажува колку новозаразени во просек заразува еден заразувач, постојано расте и не покажува тенденција на намалување, вели Трајковски.

107307207 1


Вредноста за R0 од 1,67 (последната точка од црвената линија на првиот дијаграм) кажува дека сега во просек секој ден имаме наголемување на дневниот број на новозаразени за 12%, односно за 6 дена дневниот број на новозаразени се дуплира. Ако продолжиме со ова темпо, за десетина дена би имале по десетина нови случаи дневно, колку што има сега, да речеме, во Охрид.
Најлошото е што дневниот број на новозаразени, штом еднаш порасне, потоа многу тешко се намалува.
За да стане ова појасно, да ги разгледаме графиците за R0 (на вториот дијаграм) и вкупниот број на случаи (на третиот дијаграм) на ниво на Македонија. Како што е познато, од 28 мај до 7 јуни имавме екстремно високи вредности за R0, над 2 (во портокаловата кружница на вториот дијаграм), што предизвика нагло забрзување на епидемијата и пораст на дневниот број на новозаразени од 15 на 150. 

107105393 2

На третиот дијаграм (зелената линија) тоа го гледаме како нагло наголемување на стрмнината на графикот на вкупно заболени. Иако репродукциониот број после 7 јуни опадна до единица, т.е. забрзувањето престана, брзината на новозаразување остана висока и се уште не покажува знаци на намалување. Ќе се намали дури откако дисциплината ќе се подобри или по пат на државна интервенција, со цел да се намали репродукциониот број R0.

107599808 823193238209196 5126139603641943363 n


-Нека биде ова апел за итна поткревање на дисциплината, особено кај помладите сограѓани преку доследна примена на добро познатите мерки, за да не ни се повтори во Битола истото сценарио што го имаме на ниво на државата. Ќе биде многу лошо доколку случаите излезат од рамките на познатите жаришта (кластери) и започне дифузно заразување меѓу непознати луѓе низ градот.
Да не заборавиме уште дека поголемиот број на случаи доведува и до поголем број на смртни случаи, со стапка од околу 5,8% (на четвртиот дијаграм). Статистички, ова значи дека на секои 17 дијагностицирани еден умира, вели професорот Трајковски.

106772970 823203908208129 2171608219607144715 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани