2win800x200

Кризниот штаб формираше 12 екипи за делување во случај на ново невреме

Јули 05, 2020

Општинскиот кризен штаб во Битола денеска формираше  12 екипи со 12 пумпи за превентивно делување на терен доколку има ново невреме. 

Координатор на активностите е КЈП „Нискоградба“ која на терен постојано ги следи активностите и согласно потребите ќе ги активира екипите.

Доколку дојде до нови врнежи и има потреби од интервенции, граѓаните може да ги пријавуваат состојбите на телефонските броеви 193 во Територијалната противпожарна единица и на 195, во Центарот за управување со кризи.

На терен делуваа екипи во текот на целата вечер, се интервенираше со пумпи во над 20 објекти, а утринава се работеше на расчистување на улиците и дезинфекција на објектите. По разгледувањето на синоќесшната состојба, беше даден извештај за санацијата на терен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани