Webp.net gifmaker

Битолските дуќанџии бројат штети од поплавите

Јули 06, 2020

 

Дуќанџиите од Старата битолска чаршија бројат штети од невремето, кое ја зафати Битола овие денови, подрумите им се целосно поплавени, а оштетувања има и на самите објекти. Најголем дел од дуќаните се во влага и мувла. Ѕидовите се во  влага и до еден метар, па зафатени се и производите на полиците. 

-Бевме  во дуќанот во моментот  кога фати невремето, мислев чешма течи кога слегов во визбата видов дека враќа канализацијата. Невреме беше големо река по улици од вода. Сами со кофи до 23 часот вечерта ја црпевме водата од визбата. Вода имаше до колена. Моравме да интервенираме сами за да бидат  помали штетите, вели Павлина Василевска, сопственик на дуќан во Старата чаршија.
107088317 721378155342421 9133581594395886554 n
107379779 607966123174343 7488789881540794614 n
 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани