АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши проектот за регулација на реката Елешка кај село Гермијан, на местото каде се излеваше од речното корито и ги поплавуваше околните куќи. Овој проект го рализираа Општина Новаци и центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со 6,8 милиони денари обезбедени преку Министерството за локална самоуправа.
-Завршува втората фаза од изградбата на поројот во село Гермијан во должина од 300 метри, а пвата фаза ја реализравме минатата година, во должина од 900 метри. Инаку целата должина е 1500 метри, што значи дека остануваат уште 300 метри. Се надеваме дека следната година повтроно ќе обезбедеме средства за да го завршиме овој проект. Со ова го решаваме проблемот на жителите од Гермијан посебно оние кои живеат покрај овој порој затоа што при секој пообилен дожд тие куќи во близина се поплавуваа, рече градоначалникот на НОваци, Љубе Кузмановски.
Оваа активност е дел од проект за општински рурални инвестиции на Ценатрот за развој на Пелагонискиот плански регион.
-Продолжуваме со решавање на проблемите во руралните подрачја. Заедно со градоначалниците ги следиме нивните барања и во координација со нив ги подобруваме условите во руралните средини. Во Гермијан извршиме регулација на речното корито, а ова е значаен проект за жителите поради поплавите што се случуваа. Центарот за раазвој на Пелагонискиот плански регион континуирано работи во надградба на капацитетите за заштита од поплави. Освен овој проект Центарот работи уште на 7 други проекти преку Министерсвото за локална самоуправа во вкупен износ од 34 милиони денари, рече Гого Видимче, Центар за рзвој на Пелагонискиот плански регион.
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вели дека следната година со измените на Законот за рамномерен развој ќе се издвојата уште поголеми средства за регионите.
- Оваа година Министерството вкупно во цела држава инвестираше над 100 проекти кои што доаѓаат од овие центри а нибвната вредност е 7 милион евра. Со поинтензивна динамики ќе продолжиме и следната година, бидејќи планираме со измените во Законот за рамномерен регионален развој и овие средсва кои ќе се трошат од Министерството за локална самоуправа да се зголемат и проектите да идат од 8 плански региони и Центрите за развој на овие региони, со што ќе бидат насочени директно за жителите на регините, изјави Милевски