2win800x200

Водата од градскиот водовод е безбедна и може да се користи како вода за пиење, велат од Центарот за јавно здравје Битола

Јули 06, 2020

 

Водата од градскиот водовод е безбедна и може да се користи како вода за пиење, велат од Центарот за јавно здравје Битола по поплавите што го зафатија градот во изминатите денови. Во објавената информација за безбедноста на водата за пиење од градскиот водовод и мерки и препораки за заштита на јавното здравје при појава на поплави стои дека 

На ден 04.07.2020 година, во текот на вечерните часови Општина Битола беше зафатена со невреме и силни поројни врнежи од дожд. Од тие причини на ден 06.07.2020 година од страна на стручни лица вработени во ЈЗУ ЦЈЗ Битола, земени се мостри на вода за пиење за бактериолошка и физичко-хемиска анализа. Мострирањето се изврши на претходно дефинирани пунктови на мострирање усогласени со ЈП „Водовод“ Битола.

Вредноста на резидуален хлор во мрежата измерен на терен се движи во дозволени граници и изнесува 0.5 мг/л. Во текот на истиот ден, вредноста на параметрите од физичко-хемиската анализа покажаа физичко-хемиска исправност согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Во тек е микробиолошка анализа на водата за пиење. Резултатите од анализата се очекуваат најрано на ден 07.07.2020 година, со цел да се запази временскиот период потребен за анализа кој изнесува минимум 24 часа. Врз основа на сите анлизирани параметри, водата од градскиот водовод е безбедна и може да се користи како вода за пиење, велат од ЦЈЗ.

Мерки и препораки за заштита на јавното здравје при појава на поплави:
1. Користете водоотпорни ракавици, гумени чизми и заштитна маска при отстранување на застојната вода, калта и отпадниот материјал на поплавените површини.
2. Да се отстранат оштетените предмети кои биле во контакт со вода во поплавените простории (мебел, покуќнина, кујнски прибор, остатоци од храна, детски играчки и сл.)
3. Облеката која била во контакт со вода од поплавата, исперете ја одделно од останатата со детергент и топла вода (700С).
4. Отстранете ја и не користете храна која дошла во контакт со вода од поплавените простории.
5. Поплавените простории после отстранување на отпадот и поплавената вода добро да се измијат, изрибаат и исчистат со безбедна вода од градски водовод.
6. Да се следат известувањата и препораките на ЈЗУ ЦЈЗ Битола, ЈКП Водовод и локалната самоуправа за квалитетот и исправноста на водата за пиење.
7. Дезинфекција во поплавените објекти да се изврши после повлекувањето на водата и темелно чистење на домовите со препарати на база на активен хлор (Белило, Варикина, Доместос и сл) или дезинфициенси на база на Бензалкониум хлорид (Дезинтал).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани