2win800x200

Двајца новозаболени и тројца оздравени денеска од Ковид во Битола

Јули 27, 2020

 

 Денеска се регистрирани уште двајца новозаболени во Битола, со што бројката на позитивни случаи во градот се искачи на 116. Во билтенот на МЗ се евидентирани и тројца оздравени битолчани.  Во моментов се активни 59 случаи. Во Битолската болница се хоспитализирани 38 лица.

Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 52
-Куманово 6
-Штип 29
-Прилеп 2
-Тетово 6
-Битола 2
-Кавадарци 10
-Гостивар 13
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 3
-Виница 2
-Свети Николе 1

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од:

-Скопје 108
-Куманово 2
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Велес 1
-Битола 3
-Гостивар 2
-Кочани 2
-Кичево 2
-Ресен 5

Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани