АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешниот состанок на Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, одржан со Кризниот штабот според информацијата на директорката на Центарот за јавно здравје, Елизабета Крстева, беше констатирано дека, минатата недела забележано е мало зголемување на бројот на заразени лица со КОВИД 19 во Битола. Присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта, така што заболуваат и сограѓани на возраст помеѓу 20 и 30 години, информираат од Општина Бииола.
-Имајќи ги предвид, претходно споменатите факти, ваквата состојба мора да ја подигне свеста и совеста кај граѓаните и сите да се однесуваме согласно препораките и протоколите за заштита од КОВИД 19. Задолжителното носење на заштитна маска, одржувањето на редовна хигиена на рацете и држењето на социјална дистанца, се клучните мерки согласно кои мораме секојдневно да функционираме. Нивното непочитување, криењето на контактите со други лица од страна на заболените од коронавирус, како и непочитувањето на изречените мерки за самоизолација, претставуваат кривични дела против здравјето на луѓето, кои придонесуваат за пренесување на заразната болест, како и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, што соодветно е регулирано во членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. Во следниот период, се засилуваат контролите од страна на СВР Битола, како и од општинскиот комунален инспекторат, а согласно, законската регулатива секое непочитување ќе биде соодветно санкционирано, информираат од Општина Битола.
Општинскиот кризен штаб ги информира и лицата кои се наоѓаат во самоизолација, дека за набавка на потребните намирници, можат да ја контактираат општинската организација на Црвениот крст на телефонскиот број 047236019.