Webp.net gifmaker

Нови шест заразани со коронавирус денес во Битола, вкупниот број е 122 позитивни

Јули 28, 2020

Шест новозаболени се регистрирани денеска во Битола, со што бројот на позитивни се искачи на 122. Болеста е активна кај 64 лица.

Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: 

 
-Скопје 39
-Куманово 11
-Штип 13 
-Прилеп 3
-Тетово 2
-Струга 2
-Битола 6
-Охрид 3
-Кавадарци 3
-Гостивар 8
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 1
-Виница 1
-Свети Николе 3
-Кичево 4
 
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип. 
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: 
 
-Скопје 49 
-Штип 2 
-Тетово 10 
-Струга 17 
-Охрид 15 
-Гостивар 2
-Струмица 1 
-Кочани 1 
-Кичево 1
-Ресен 1
 
Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315, бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани