2win800x200

Во Битола еден починат на 70 години, еден новозаболен и осум оздравени од ковид-19

Август 02, 2020

Ковид-19 во Битола ја одзеде и петтата жртва, 70 годишно лице кое почина во болнички услови. Денес е ригистриран уште еден новозаболен битолчанец, а осуммина се оздравени. Со ова во општина Битола има 64 активни случаи. 

Во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 47
-Куманово 17
-Дебар 1
-Штип 23
-Тетово 12
-Струга 7
-Битола 1
-Охрид 3
-Кавадарци 9
-Гостивар 15
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 10
-Виница 2
-Свети Николе 2
-Кичево 12
-Неготино 2

Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.Сите починаа во болнички услови. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од:

-Скопје 98
-Куманово 17
-Штип 25
-Битола 8
-Гостивар 15
-Радовиш 2
-Пробиштип 1
-Свети Николе 12
-Кичево 3
-Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани