2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пет новозаболени во Битола, еден починат и пет оздравени пациенти

Август 01, 2020

 

Петмина битолчани се позитивни на КОВИД-19 регистрирани во последните 24 часа, а меѓу седумте вкупно починати во државата  е и 27 годишен битолчанец  кој ја изгуби битката со вирусот. Во Битола денес има пет оздравени. Со ова во вкупниот број на заболени се искачи на 142, а болеста  е во тек кај 73 лица од Битола.

Еве ги статистиките од Министесртвото за здравство. 

 

Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во:

- Скопје 47
- Куманово 17
- Дебар 10
- Штип 16
- Прилеп 2
- Тетово 2
- Велес 5
- Битола 5
- Охрид 2
- Кавадарци 1
- Гостивар 10
- Крива Паланка 1
- Кочани 5
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 6
- Виница 2
- Кратово 1
- Кичево 3
- Ресен 1

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:

- Скопје 105
- Штип 9
- Прилеп 2
- Тетово 4
- Велес 1
- Битола 5
- Гостивар 1
- Кочани 4
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 2
- Берово 1
- Кичево 7
- Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани