Нестабилно време и денес, од утре благ пораст на температурата

Август 06, 2020

Во изминатите 24 часа во Битола наврнаа 33 л/м2 дожд. 

 

Еве по градови колку воден талог наврнал во изминатото деноноќие до 8 часот (во л/м2)

59 Д.Капија, 54 Скопје-Петровец, 50 Охрид, 41 Пожаране, 37 Прилеп, 33 Битола, Штип, 31 Скопје-З.Рид 29 Ѓуриште, 27 Тополчани, Крушево, 26 К.Паланка, 25 Тетово, Претор, 24 Куманово, 22 Дебар, 15 Дојран, 11 Виница, 10 Гевгелија, 9 Струмица, 4 Берово.  
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
 
Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м2.  Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени, во Битола до 25 степени

 

Од утре температурата ќе биде во благ пораст, а нестабилно ќе биде претежно во попладневните часови.

FB IMG 1596699460267

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани