2win800x200

Интензивирана соработката меѓу Здружението на пензионери и Битолската библиотека

Август 05, 2020

Со очитување на пропишаните мерки за заштита од коронавирусот, Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола го прифати извештајот за материјално-финансиското работење за првите шест месеци од годинава со оценка дека се работело економично и транспарентно. Оправдано е дека за време на пандемијата се доделени одредени донации во хуманитарни цели на пензионери со пониски лични примања.

На седницата беше донесена одлука во одредени месни заедници каде што има просторни услови да се отворат клубови на пензионери, за што ќе треба да се воспостават контакти со Општина Битола.

На огранокот на пензионери од Новаци за подобро фунционирање и подобри услови, ИО донесе одлука да им се купи фрижидер и клима.

Се прифати и иницијативата на Универзитетската библиотека ,,Св. Климент Охридски" од Битола, членовите од ЗП Битола да станат активирани членови во Библиотеката и да можат да ги користат нејзини услови. Претседателот на ИО на Здружението, Томе Димитровски, информираше дека секој вторник и четврток од 10 до 12 часот сите заинтересирани пензионери можат да се јавуваат за разни прашања и совети во Сојузот на здружението на пензионери на РСМакедонија во Скопје на телефон 023213227. Претседателот на ИО ги запозна присутните членови на ИО со доставата на огревното дрво за пензионерите согласно склучените договори.

 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани