Денеска во Битола се регистрирани седум новозаболени, но и 6 оздравени лица
Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во:
- Скопје 65
- Куманово 14
- Дебар 6
- Штип 21
- Прилеп 3
- Тетово 12
- Струга 5
- Велес 12
- Битола 7
- Охрид 4
- Кавадарци 7
- Гостивар 14
- Струмица 1
- Крива Паланка 1
- Радовиш 4
- Кочани 5
- Пробиштип 3
- Демир Хисар 2
- Македонски Брод 4
- Свети Николе 3
- Кичево 6
- Неготино 1
Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од:
- Велес 2
- Битола 6
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 1
- Кичево 3
- Ресен 2
Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.