2win800x200

СЕЛА ВО БИТОЛСКО СО НЕИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, НЕ ПРИФАТИЛЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ КОН ГРАДСКИОТ ВОДОВОД И ДА ПЛАЌААТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Август 11, 2020

И ова лето дел од битолските села кои се снабдуват со вода од сопствени водоводи кои не ги предале во употреба и одржување на Јавното претпријатие „Водовод“, имаат неисправна вода за пиење. На деншната седница на Совет, советникот Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ побара итно преземање на сите неопходни мерки за надминување на проблемите со водоснабдувањето во руралните средини.

„Село Бистрица има неисправна вода за пиење, а истата водоводна мрежа ја користи и селото Барешани. Во 2019 година од водата во Барашани направени се 4 анализи, три покажале небезбедна вода за пиење, а во Бистрица од 5 анализи сите пет не биле во согласност со микро-биолошките критериуми. Горе-долу во сите рурални средини состојбата е иста и токму поради тоа потребно е итно преземање на сите превентивни мерки“, рече Тошевски.

Претседателот на Советот Валентин Груевски возврати дека проблемот со селските водоводи се провлекува со години наназад и во време на владеењето на претходната власт, а се должи на тоа што не се предадени на одржување на ЈП „Водовод“, но секаде каде е побарана помош претпријатието излегува во пресрет.

Доколку селските вододводи ги преземи за одржување „Водовод’’ жителите ќе треба да плаќаат за вода, а некои не сакаат.

„Дел од руралните средини не сакаат да бидат приклучени на градскиот водовод и да ја плаќаат таа услуга каде со плаќањето им следува и поправка на сите дефекти, одржување, чистење на резервари. Имаме случаи каде водоводите се во сопственост на месни заедници, одноно на рурални средини, а кога ќе имаат проблем кој не можат да го остранат или им треба стручна помош, ние како ЈП излегуваме во пресрет дали со материјал, градежна механизација, со стручен совет, помош за чистење со хлор на резерварите, се што е потребно за тие да имаат почиста вода и водовод кој функционира“, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани