Екипите на ЈКП "Водовод"- Битола, по повеќе од десет часа на терен непрекината работа го санираа дефектот, информираат од јавното претпријатие.
Во тек е нормализирање на водоснабдувањето. Со прекинато водоснабдување останува уште еден крак на улицата Стив Наумов (потег од Нико Фундали до Солунската со Христо Ботев)но, во текот на утрешниот ден се надеваме дека и тој проблем ќе биди надминат. Почитувани корисници, укажуваме Благодарност до Вас за трпението и разбирањето кое го покажавте.ЈКП " Водовод"- Битола и натаму останува посветено да работи во служба на граѓаните за непречено снабдување со питка вода за секое домаќинство и институција во Битола, се наведува во известувањето од ЈКП Водовод.
-Вечерва сме во контролниот СКАДА центар во филтерница на ЈКП ВОДОВОД Битола со Директорот и стручните лица. После санирањето на дефектот полека се нормализира водоснабдувањето на Битола, објави градоначалникот Коњановски