2win800x200

Гошаревски-Ресен во моментов нема активен случај на Ковид-19

Август 19, 2020

 

 

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски објави дека денеска во Ресен нема веќе активен случај на Ковид-19. Од почетокот на кризата во овој град се потврдени 146 позитивни случаи од кои 4 починаа.   

-Ресен во моментов нема активен случај на Covid-19 , иако пред месец дена бевме мегу првите пет градови по број на заболени . Уште еднаш благодарност до сите институции, Кризниот штаб, ЦЈЗ , МВР, ЈЗУ Здравствен дом Ресен , Клиничка болница Битола., и сите претпријатија , кои максимално одговорно одговорија во кризна ситуација , но пред се благодарност до Вас почитувани граѓани за одговорноста и придржување на мерките .
Ја добивме оваа битка но војната сеуште трае . Да продолжиме , да бидеме совесни и одговорни и да се придржуваме на мерките за заштита . Благодарам , напиша Гошаревски на својот Фејсбук профил.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани